Грузиските пратеници го избраа Михаил Кавелашвили за нов претседател, пренесува „Гардијан“. Според медиумот, сега уставната криза се продлабочува бидејќи според опозицијата, изборот на поранешниот фудбалер Михаил Кавелашвили е „нелегитимен“.
„Грузиските пратеници го избраа Кавелашвили, проруски, тврд критичар на Западот, за нов претседател на земјата. Кавелашвили, поранешен професионален фудбалер, има силни антизападни ставови. Во јавните говори оваа година, тој постојано тврдеше дека западните разузнавачки агенции се обидуваат да ја водат Грузија во војна со Русија“, пренесува „Гардијан“.
Од 225 присутни избирачи, 224 гласаа за Кавелашвили, кој беше единствениот номиниран кандидат. Опозицијата ги осуди изборите како „нелегитимни“ и рече дека актуелниот претседател Саломе Зурабичвили останува единствениот легитимен лидер на земјата.