Група LGBTQ јутубери ги тужат YouTube и Google за дискриминација

Група на креатори на содржини на видео-платформата YouTube ја тужат компанијата за наводна дискриминација против видеа кои се фокусирани на LGBTQ со тоа што ги потиснуваат препораките за ваквите видеа кои се појауваат пред корисниците и со тоа прават заработката за овие креатори да претставува голема тешкотија.

За голем дел креатори на видеа во САД, објавувањето видеа на YouTube е веќе професија од која заработуваат. Начинот на заработка е преку монетизирање на видеата со што креаторот дозволува да се појавуваат реклами во текот на видеото, а за возврат добива мал процент од парите кои компаниите ги даваат на YouTube.

Јутјуберите кои ја поднеле тужбата велат дека видео-платформата неоправдано не дозволува нивните видеа да бидат монетизирани и ги дефинира како шокирачки, навредувачки и несоодветни за на нив да се појавуваат реклами. Со ова ги ограничува овие јутјубери да не можат да заработат доволно за да можат комплетно да се посветат на оваа работа и да продуцираат повеќе содржини.

Дел од обвинувањата се и дека истите рестрикции не важат кога станува збор за анти-LGBTQ видеа, дека дозволуваат анти-LGBTQ реклами да се емитуваат пред нивните видеа и дека со самото спомнување на зборовите „геј“„лезбејка“ или „трансџендер“ во насловот на видеото тоа видео автоматки е демонетизирано.

Овие Јутјубери велат дека контентот што тие го продуцираат е екстремно важен за нивната заедница бидејќи нудат едукација и поддршка на LGBTQ луѓето кои не можат да ги добијат на друго место и цензурата што ја добиваат од YouTube е навистина голем проблем.

Дополнително се вели дека сепак постојат исклучоци од овие правила за најголеми креатори на содржина кои имаат милиони претплатници и носат голем профит за видео-платформата.