fbpx

Груевски во „мегаинтервјуто“ Сорос го спомнува 53 пати!

-

Во првите два дела од интервјуто за електронското издание на неделникот „Република“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, се пресметува со американскиот милијардер Џорџ Сорос и во разговорот неговото име го споменува дури 53 пати, што пластично изгледа вака:

„Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос“.

Македонија е спомната 37 пати, Албанци – 18 пати, терминот „националист“ – 15 пати, исто колку и СДСМ.

Во „мегаинтервјуто“, Груевски одвојува огромен простор за пресметка со „Сорос и сите милиони што ги истура во Македонија“ и со „корумпирани новинари, сопственици на медиуми, професори, интелектуалци, аналитичари, активисти, предводени од професионални протестирачи“.

– Да не беше Сорос со целата мрежа од НВО, медиуми, политичари, внатре и надвор, што ги плаќа, влијание во најмоќните држави во светот, и тоа одлучувачко влијание кога станува збор за помали земји како нашата, немаше да е толку тешко, а и економијата ќе беше посилна, ќе имавме повеќе нови отворени работни места – вели Груевски во интервјуто со индикативен наслов „Граѓанскиот сектор не смее да остане во рацете на Сорос“.

Според него, граѓанскиот сектор во иднина „не смее да остане само во рацете на Сорос и на странски влади“.

„Сликата за нас дека сме националисти е искривена и невистинита“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во вториот дел од божиќното интервју за електронското издание на „Република“. На тоа дали ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер се националисти или не, му е посветен најголем дел од интервјуто, во кое Груевски прави дистинкција меѓу национализам и шовинизам и вели дека „Сорос и другите сосема неправедно делат етикети за шовинизам на влада и на партија кои се мултиетнички, во земја во која има соживот и толеранција“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...