fbpx

Груевски: ВМРО-ДПМНЕ е победник на овие избори

-

Ова е десетта изборна победа по ред на ВМРО-ДПМНЕ и десетти пат по ред мнозинството граѓани во Македонија гласаа и ги поддржаа ВМРО-ДПМНЕ и нашата програма, визија, тим и начин на кој работиме, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски  вечерва во партиското седиште.

– Им се заблагодарувам на оние граѓани кои ја дадоа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, која според резултатите од 88,61 процент обработени гласови е поддршка со 434.051 глас за ВМРО-ДПМНЕ наспроти поддршка за СДСМ од 415.258 гласови, е победник на овие избори во Република Македонија. Денеска победи Република Македонија. Задоволен сум што победивме и во четвртата изборна единица со разлика од 7.476 гласа. На овие избори имавме тежок противник затоа што тоа не беше само СДСМ. Овие избори имаат една посебна тежина, една посебна важност, особено кога ќе се погледне наназад во изминатите две години низ што сè поминавме. Видливо е дека бројот на гласови за ВМРО-ДПМНЕ е во рамките на константата поддршка која ја имавме во изминатиот период, а поголеми изненадувања имаше во албанскиот блок. СДСМ доби значителна поддршка од албанскиот електорат, но анализите ќе ги правиме во идниот период и ќе извлечеме поуки – рече Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека ќе следува процес на формирање коалиции и формирање влада, а дека кризата мора да заврши и Македонија да оди напред. Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде секогаш со народот и секогаш ќе работи за интересите на државата, а дека народот може да смета на нивната поддршка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...