fbpx

Груевски со семејството ќе летува во Турција

-

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, следните неколку дена ќе оди на летен одмор со своето семејство во Турција, соопштија денеска од владејачката партија.

Оттаму не наведуваат во кое место во Турција, Груевски ќе го помине летниот одмор, но е истакнато дека поранешниот премиер со семејството патува во „приватна режија и аранжман“.

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во следните денови ќе летува со своето семејство во Република Турција, каде што ќе престојува во приватнa режија и аранжман“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

На почетокот на јули, Груевски со семејството, односно со својата сопруга, децата и со неговата мајка речиси една недела престојуваше на островот Сицилија. Како што соопштија од неговата партија, тој таму бил на свадба на негов близок пријател.

Ова е првпат јавно да биде соопштена дестинацијата каде Груевски ќе го помине летниот одмор. Претходните години, додека беше премиер, летувањата на Груевски беа „државна тајна“ и за нив медиумите дознаваа од трети извори или фотографии од македонски туристи.

Бурни реакции во јавноста лани предизвика фотографијата од одморот на Груевски во Израел, каде тој беше „фатен“ на плажа со очила за сонце од марката „мајбах“, кои, според медиумите, наводно чинат 60.000 американски долари.

Денеска од кабинетот на премиерот Емил Димитриев известија дека тој со семејството ќе летува во Црна Гора.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...