fbpx

Груевски се сретна со наставничката која е во избор за најдобар учител во светот

-

Премиерот Никола Груевски денеска се сретна со Весела Богдановиќ, одделенски наставник во основното училиште „Кочо Рацин“ од село Ивањевци, општина Могила, која влезе во изборот меѓу педесетте најдобри наставници, во конкуренција од неколку илјади просветни работници од повеќе од 150 земји од светот.

Станува збор за избор кој го организира „Верки гемс фондејшн“ (Varkey gems fondation), чиј претседавач е поранешниот американски претседател Бил Клинтон. Натпреварот меѓу најдобрите продолжува сè до изборот на најдобриот наставник кој ќе ја освои титулата „Глобал тичер прајс“ (Global Teacher Prize).

Богдановиќ го запозна премиерот и го пренесе своето искуство од водењето на образовниот процес во матичното училиште, како и активните мерки кои се преземаат и наставните методи што ги применува за време на часовите, а кои се компатибилни со новите наставни програми и учебници изработени од Центарот за наставни програми на Кембриџ. Таа ја истакна користа од интерактивните техники кои се преземаат во спроведувањето на наставата, наспроти пасивното изучување на материјата, како и користа од ангажираноста на наставникот при презентирање на наставната содржина, како метод кој е позитивен и наоѓа интерес и прифатеност од самите ученици.

Целокупното искуство и позитивните методи на работа се содржани во нејзините 200 едукативни филмови и работни листови, со кои Богдановиќ конкурирала на изборот за најдобар наставник во светот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...