fbpx

Груевски: Покажавме дека имаме луѓе кои можат да изградат демократско општество

-

„За овие 25 години покажавме дека иако не сме огромна држава со неброени ресурси, имаме многу луѓе со големо срце и со нескршлива волја кои се способни да изградат силно демократско општество во своја сопствена држава“, се вели во честитката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по повод 8 Септември – Денот на независноста.

Груевски во честитката посочува дека нашата држава во минатото се соочила со бројни предизвици, но пред секој од нив „застанала исправено“ и одговорила на „сите до еден“.

„Уште на самите почетоци беа оспорувани нашите одбележја, нашата химна, знаме, име, валута, армија, полиција, беше оспорувана способноста Македонија да биде самостојна одржлива држава. Не ги оспоруваа само некои од земјите од соседството, туку и некои од нашите сограѓани кои во тие историски моменти не влегоа со целото срце во битката за независност. За овие 25 години покажавме дека иако не сме огромна држава со неброени ресурси, имаме многу луѓе со големо срце и со нескршлива волја кои се способни да изградат силно демократско општество во своја сопствена држава. Ги демантиравме сите оние кои не веруваа во идејата за независна Македонија. Без оглед на сите предизвици со кои се соочи и со кои се соочува, Македонија од нив излезе посилна и пообединета. Така ќе биде и сега и во времето кое доаѓа. Тоа е нашиот завет, тоа е нашата борба. И таа борба, борбата за Македонија, нема никогаш да престане“, стои во честитката од лидерот на владејачката партија.

Груевски во честиката повикува на обединетост во националните интереси и „да го чуваме идеалот за незивисна Македонија“.

„Овој 8 Септември посакувам да биде дополнителен мотив заеднички и обединети да ги пребродиме предизвиците пред кои сме исправени. Но и да биде потсетување на светата обврска која ја имаме и кон оние пред нас и кон оние кои доаѓаат, да бидеме обединети во националните интереси и да го чуваме идеалот за независна Македонија. Бидејќи само обединети можеме да ја носиме нашата земја во новото време со сите предизвици и ситуации кои времето ги носи со себе“, се додава во честитката.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...