fbpx

Груевски отвори недовршена фабрика во Штип

-

Во хала пополнета со четириесетина разбои за ткаење и уште неколку дополнителни машини, премиерот Никола Груевски го означи почетокот на производството на германската фабрика  „Техникал текстајлс“.

Пред огромната хала од  13.000 квадратни метри, беа паркирани градежни машини, кои чекаа да заврши церемонијата, бидејќи дворот е само попесочен. Свежо асфалтираната патека беше покриена со црвен тепих.

Менаџерот Јинс Виндланд вели дека донесени се само 30 отсто од планираните машини. Откако ќе се завршат градежните работи, според менаџерот, ќе бидат донесени и машините со висока технологија.

Во фабриката, која е инвестиција од 15 милиони евра, моментално се ангажирани сто работници, главно ткајачи, но до крајот на годината треба да станат триста, кои за почеток ќе произведуваат производи од фибер влакна за градежната индустрија. Винланд вели дека за сто работни места, се пријавиле илјада кандидати. Квалитетот на кадарот, според него, бил пресуден што се одучиле да инвестираат во Штип, а не финсиските субвенции од државата.

– Во споредба со другите земји, кои даваат субвенции, македонските субвенции и не беа така високи. Меѓутоа, направив анализа и видов дека тука има работљубив народ, утврдив и дека квотата на невработеност е доста висока, што значи дека има доволен број на стручен кадар што може да се ангажира во производствто – изјави Виндланд.

За какви финансиските субвенции од државата се работи, менаџментот не даде детали, но рече дека „Техникајл текстајлс“ треба да вработи најмалку триста работници за да добие одредена финасиска поддршка од државата и повтори дека тоа не било пресудно во одлуката за инвестирање.

Новата фабрика на „Техникал текстајлс“ е втората странска инвестиција во технолошко-идустриската развојна зона во Штип која се отвора двесет месеци по фабриката на „Џонсон контролс“.

Премиерот Никола Груевски го најави отворањето на третата странска инвестиција во Штип, на италијанската „Кондево“, која се очекува следното лето да почне со работа.

Германската компанија има две фабрики во Словачка и Кина и уште десет погони низ светот. Во перспектива во штипската фабрика ќе се произведува изолациски материјали за бродската индустрија и за ветерници. Планот е да се вработат околу 1.000 луѓе од Штип и околните места. Целото производство е за извоз.

 

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...