fbpx

Груевски: Ние сме ВМРО, ние не се плашиме од никого

-

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на вечерашниот митинг на Коалицијата за подобра Македонија во Радовиш порача дека овие избори се важни затоа што се одлучува каква ќе биде Македонија по 15 октомври.

Тој рече дека политиката на новата влада се празни зборови, клевети, лаги и навреди, но дека не се плашат од тоа.

– Ние не се плашиме од никого. Ние сме ВМРО. Ги посветивме нашите срца, мисли и животи за оваа кауза. И не се откажуваме од нашата земја. Сè додека нашиот народ, нашите граѓани тоа го сакаат, ние ќе стоиме исправено и гордо – рече Груевски и додаде дека ќе продолжат да ги исполнуваат ветувањата.

Тој на митингот во Радовиш рече дека со новата ера во Македонија се предвидени отворање на нови работни места и намалување на невработеноста под 10 проценти, најниски даноци и поголеми плати, пензии и субвенции.

Груевски повтори дека СДСМ не нуди решенија и идеи за подобар живот, туку флоскули, апстрактни поими и ги повика граѓаните кои на минатите избори гласале за сегашната влада, сега да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ.

– Придружете ни се за да изградиме посилна Македонија. Сите ние заеднички сме Македонија. СДСМ нема да донесе добро никому. Тие можат само да затвораат работни места, да ги намалат приходите, да им го земат лебот на луѓето. Да донесат несигурна иднина за нашите деца. Тие се реална пречка. Видовте и сами, нема ништо ново создадено – рече Груевски.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Радовиш, Сашко Николов, рече дека тие не ветуваат нереални, туку реални и остварливи работи.

– Ние имаме издржана програма која со својот квалитет отскокнува од другите. Нудиме јасни проекти и многу внимателно изработени, со точни рокови и со обезбедени средства за нивна реализација. Нема лажни ветувања, секој збор е одмерен, а ветувањата реални, го даваме зборот, а зборот ќе го исполниме и тоа е закон од кој нема отстапување – рече Николов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...