fbpx

Груевски најави нова ера за државата и владеење на правото

-

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, најави нова ера за Македонија на конвенција на партијата која се одржа во СЦ „Борис Трајковски“, на која беа промовирани кандидатите за градоначалници.

Тој додаде дека тоа ќе биде ера на просперитет, напредок, исполнети ветувања, одговорност, достоинство и на заедништво.

„Ние зборуваме за  управување, а не за владеење. Современото управување вклучува владеење на правото, ефикасно управување на јавниот сектор, независно судство, партиципација и континуирана демократизацијата, децентрализација, транспарентност и широк фронт во борбата против корпуцијата“, рече Груевски.

Во однос на локалните избори, додаде дека се исклучително важни за иднината на Македонија.

„Нашите кандидати и активисти мора да затропаат на вратата на сите, мора да се ракуваат со секого. Мора искрено да ги зацврстат врските на меѓусебна почит и на разбирање“, додаде Груевски.

Тој се осврна и на економијата, на правдата која рече дека е темел на државата, но и на екологијата.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека ниту еднаш не ги споменал политичките опоненти, бидејќи народот очекува да решаваат проблеми, да создаваат дела и да шират позитивна енергија.

Тој порача дека иднината ја гледаат во интеграција на Македонија во Европската Унија и во НАТО, кои се наши стратешки цели, и унапредување на стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...