fbpx

Груевски на снимката: Мора нешто и нам да ни фали, мене, тебе, на Чинго, на Зоки…

-

„Од денеска, домаќин на „Вистината за Македонија“ е Кампот на слободата. Најавувам и досега докажавме со каква расипничка власт си имаме работа. Но, не застануваме додека не ги оспособиме институциите да ги преземат коруптивните дејства на власта. Три оставки не се доволни. Затоа, Груевски, не барај нови жртви. Бараме оставка од носителот на сите криминални дејства“, изјави на денешната прес-конференција претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој, во рамките на 34. „бомба“, обелодени нови аудиоматеријали од прислушувани разговори. Во еден од нив, Никола Груевски со Миле Јанакиески зборува за начинот на кој министерот треба да се однесува кон странските инвеститори, па Груевски му држи лекција како со кого треба да постапува и го споредува со вицепремиерот Владимир Пешевски.

Груевски му кажува дека покрупните компании бараат поголемо внимание. Јанакиески вели дека не може да се спроведе нешто ако е против законот. Премиерот му објаснува дека тој сака да биде „дил ориентед“, а не некој да оди во затвор. Премиерот му кажува дека со големите фирми мора „да игра“ за да се постигне договор, а не може да им рече „земи или остави“. Груевски му кажува дека инвеститорите се повеќе задоволни откако ќе се сретнат со Владо (Пешевски) отколку со него и дека со големите играчи не може да се однесува така и „да ги откачи за пет минути“. Тој му вели дека тие дома имаат јахти, слуги и можат сè да направат и не трпат некој да ги откачува туку-така. Груевски бара од Јанакиески да ги промени постапките затоа што „не им оди добро со крупните бизнисмени“. Тој го советува министерот да се однесува „како во скијање, велеслалом, идеш лево-десно…“

– Мора нешто и нам да ни фали, мене, тебе, на Чинго, на Зоки… – вели Груевски на снимката.

Во втората снимка што денеска ја објави Заев, од разговор помеѓу Никола Груевски и Влатко Чингоски, премиерот го прашува дали барал уште пари за некоја инвестиција на братот на Гордана Јанкулоска. Зборуваат за тоа колку пари треба да се дадат. Се зборува за сума од 950 (не се кажува валутата). Чингоски вели дека не е точно дека барал пари, туку барал само некој документ. Разговараат за понудата и за тоа каде треба таа да се уплати и колку пари точно чини.

Во следната аудиоснимка, Груевски го прашува Јанакиески „за објект од култура“ и зошто да оди со јавно-приватно партнерство. Премиерот вели дека никој во државата не направил ништо со јавно-приватно партнерство. Тој му вели на министерот дека ако треба, ќе се урне Драмски театар за да се продаде земјиштето. Тој што ќе го купи, вели Груевски, мора да остави простор за публика и за другите намени. Јанакиски му кажува дека тоа не е можно затоа што немаат „чисто земјиште“. Груевски го прашува дали проблемот е политички и го прашува зошто така мисли. Јанакиески му објаснува дека „ако култура го урне објектот“, ќе може да се оди со продажба на градежно земјиште.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...