fbpx

Груевски: На конгресот на СДСМ гледаме луѓе препознатливи по корупција и криминал

-

На конгресот на СДСМ гледаме луѓе препознатливи по корупција, криминал, по лажни информации и лажни ветувања, рече лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по официјалното пуштање во работа на германската инвестиција „Лутекс“ во погоните на поранешна „Нонча Камишева“ во Велес.

– Ги гледаме горе-долу истите луѓе коишто ги препознаваме од нивното владеење, по корупција, по криминал, по неработење, по лажни ветувања, по манипулации, по лажни информации, обвинувања на противникот, наместо фокус и концентрација на нови проекти, на нешто што ќе го подобри животот на народот – фокус и концентрација на противникот, на опонентите, да ги оцрнат, да фрлат лаги врз нив и невистини – изјави Груевски.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ секогаш кога доаѓале на власт ветувале реформи, но рече дека никој не се сеќава на ниту една реформа од СДСМ.

– Секогаш со фанфари доаѓаат во владата и кажуваат какви се не реформи ќе направат, каков живот ќе донесат, како ќе биде подобро, но граѓаните нека размислат кои реформи биле направени во времето на СДСМ – додаде Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...