fbpx

Груевски: Мандатот го завршувам со нож во грб, на новиот лидер му порачувам да остане човек

-

ВМРО-ДПМНЕ подготви закон за амнестија за настаните од 27 април и се надевам дека тој ќе биде изгласан во Собранието, затоа што е потребно национално помирување и простување, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на вонредниот Конгрес на партијата во Валандово каде што се бира нов партиски лидер.

– Само така земјата може да оди напред, и да стави крај на политичките освети и реваншизмите. Големите политичари така се однесуваат во вакви моменти. Треба и Заев и СДСМ да го научи ова, со целосно сочуство кон неговата болка и стрес од немилиот настан на 27 април. Тепањето во Собрание беше голема грешка. Тие луѓе беа поведени од емоции. Сега сме сведоци на политичка осветољубивост од невидени размери – рече тој.

Груевски им се заблагодари на најблиските соработници и на народот за кој рече дека секогаш ќе го почитува. Тој им се извини на сите во партијата и на сите граѓани за сите ненамерни грешки кои ги направил но рече дека енормно многу работел и затоа се случувале грешки.

Тој изрази жалење што Конгресот се случува кога партијата е нападната од надвор, но и од внатре од нејзините членови и додаде дека тешко му било кога го гледал однесувањето на неговите блиски соработници кое се сменило преку ноќ.

Тој раскажа дека странски експерти кои работеле на кампањата на локалните избори му соопштиле дека дел од неговите најблиски соработници биле среќни за изборниот пораз.

– Еден дел од моите соработници, и тоа луѓе кои добија многу, пред се доверба и шанси, функции и големи привилегии и почести, во последните месеци не можам да ги препознаам. Но, успеав тоа да го задржам длабоко во мене, да ја задржам присебноста и смиреноста, длабоко да се кршам во себе и да оставам сами да се заплеткаат и пропаднат во гробот кој го копаат за друг или во сплетките, дворските игри, лицемерието, дволичноста, неискреноста, алчноста, интригите и предавствата кои ги прават за друг. И така и ќе биде. Исто како низ историјата на ВМРО и Македонија – рече Груевски.

Toj во долгиот говор од час и 30 минути, се навраќаше на минатото, на како што рече, неговите тешки почетоци како лидер на ВМРО-ДПМНЕ и нагласи што се постигнала партијата додека била на власт.

– Го прифатив предизвикот да ги ставам моите најубави години од младоста во служба на партијата, народот и државата, да бидам новиот водач на ВМРО, предложен токму од мојот претходник на оваа позиција, Љубчо Георгиевски, на кого и покрај подоцнежните несогласувања, му се заблагодарувам за укажаната доверба и поддршка, и со кого успеав по еден неколку годишен прекин да ги обновам и до ден денес да ги задржам пријателските релации и повремени средби. Всушност, тие први три години како водач на ВМРО, и последните три беа најтешките во 14 и пол годишното водење на партијата. Не по број на работни саати и решавање на проблеми, туку по т.н. византиски игри, подли, валкани и нечесни игри со кои бев принуден да се справувам, поле на кое не се чувствувам на свој терен – додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски раскажа како Мартин Протуѓер му рекол дека мандатот го започнал и завршил со нож во грб.

-Го коригирав, и му реков, дека не е во право, и дека, го завршувам не со еден, туку со повеќе, и не ножеви, туку ножиња во грб. Но, за среќа, во ВМРО-ДПМНЕ има многу силни личности, честити луѓе, луѓе со висок морал и капацитет, луѓе кои искрено ја сакаат оваа земја и нејзиниот напредок, и луѓе кои имаат чиста совест, јасна мисла, многу енергија и силни морални вредности – додаде тој.

На новиот претседател му порача да остане човек затоа што моќта и власта го прави човекот да стане полош, понервозен и помалку толерантен и додаде дека тој во следниот период ќе работи да стане подобар човек, татко, сопруг, пријател и соработник.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...