Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по повод промените што се случуваат на светската политичка сцена и очекувањата, за порталот „Телеграф“ изјави дека „македонската влада ќе биде во тесна комуникација и ќе соработува со новата администрација на Доналд Трамп за остварување на стратегиските цели на државата“.
„Наш приоритет останува членството во НАТО и во Европската Унија, при што важна е соработката со нашите партнери, САД и Европа“, изјави Груевски.