Премиерот Никола Груевски денеска најави дека наскоро ќе се отвори универзитет за национална безбедност.
Како што рече премиерот, во состав на овој универзитет ќе влезе и Воената академија и некои други факултети и институти.
Според Груевски, со отворањето на овој универзитет ќе се зголеми безбедноста во земјата.
„Откако пред неколку години ја возобновивме Воената академија и на неа почнаа да работат повеќе студии кои продуцираат квалитетни кадри, сега се размислува да се формира универзитет за национална безбедност, кој ќе биде составен од Воената академија, но ќе има и други факултети и институти“, рече премиерот Груевски.