Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, заедно со членовите на извршниот комитет, Никола Тодоров, Владимир Ѓорчев, Антонијо Милошоски и Христијан Мицковски, денеска се сретна со Карен Пирс, политички директор во Министерството за надворешни работи на Велика Британија.

„Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека покрај физичкото насилство кое не е прифатливо, политичкото насилство што го промовира СДС е исто така неприфатливо преку незаконскиот избор на Талат Џафери, целосно кршејќи ги Уставот и законите. Таквиот преседан, каде без записник, без пребројување, официјална најава и надвор од пропишаното време на работа на институцијата, насила се обидува да се одбере претседател, преставува грубо уривање на правниот систем на државата. Изборот на претседател на Собранието треба да е во согласност со Уставот, законите и со деловникот“, се вели во соопштението од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во Собранието за време на расправата ги користеле сите законски и легални средства за парламентарна дебата каде што, како што велат од партијата, се дебатирало за суштинските прашања.