fbpx

Груевски го штити директорот на ЈП „Водовод“ поради роднинските врски, обвини СДСМ

-

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска побара од градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, веднаш да преземе мерки против директорот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, Александар Атанасов, поради невалидната диплома за завршено високо образование.

Како што истакна пратеникот на СДСМ, Дамјан Манчевски, на денешната прес-конференција, Трајановски досега требало или да го смени или да го суспендира директорот на „Водовод и канализација“.

– Вистината е дека Коце Трајановски ја нема ниту силата, ниту храброста за да го направи тоа, затоа што тој не е вистинскиот градоначалник на Скопје. Вистинскиот градоначалник, Никола Груевски, е во роднински врски со Атанасов и тој не дозволува негова смена – рече Манчевски.

Тој ги повика, како што рече, сите чесни членови на ВМРО-ДПМНЕ да се одважат и да се охрабрат за да се спречи хаосот и беззаконието преку кои „Никола Груевски единствено го гледа својот спас“.

Во кусата реакција од Град Скопје на прес-конференцијата на Манчевски, се вели дека тие, веднаш по информациите во јавноста за дипломата на Атанасов, почнале постапка за проверка на нејзината валидност во соодветните државни институции.

„Градот Скопје се обрати до надлежните институции кои се надлежни за оваа проблематика и веднаш штом имаме одредени сознанија и одговори, за истите ќе ја информираме јавноста“, стои во реакцијата на Град Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...