fbpx

Груевски: Економијата се држи добро

-

Порастот на прометот во индустриското производство дава надеж дека работите одат во добра насока и дека ударите од политичката криза се на некој начин амортизирани, истакна денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по посетата на општина Дебрца.

Одговорајќи на новинарско прашање, Груевски подвлече дека засега економијата добро се држи и наспроти сите негативни влијанија на вештачки предизвиканата криза од СДСМ.

– Она ште е значајно и радува е податокот што во овој период, во првите месеци од тековната година, прометот во индустриското производство порасна за 11,4 отсто споредено со истиот период лани. Тоа дава надеж дека работите одат во добра насока. Исто така, дава надеж дека и ударите што дојдоа од политичката криза на некој начин се амортизирани. Тоа не значи дека тие немаат негативно влијание или на некој начин негативно не влијаеле, но сепак, пораст од 11,4 отсто на прометот во индустриското производство значи дека економијата засега добро се држи – рече Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ангеловска-Бежоска: Земјите од Западен Балкан годишно губат 18 отсто од БДП поради родовиот јаз на пазарот на труд

Последователните економски шокови изминатите години дополнително го отежнуваат намалувањето на родовата нееднаквост, поради нивното понеповолно влијание врз женската популација. Кај повеќето земји од регионот на Западен Балкан стапката на...