Груевски е загрижен дали Јанева независно ќе ги носи одлуките

-

Ние нема да бидеме пречка и како Влада и како политичка партија во однос на непреченото работење на специјалната јавна обвинителка и ќе излеземе во пресрет на сите нејзини барања, изјави премиерот Никола Груевски, во синоќешното интервју за телевизијата „Канал 5“.

Сепак, тој посочи две работи, кои, како што рече, според него, се причина за загриженост и за резерви и го отвараат прашањето за тоа „дали таа независно ги носи одлуките“.

„Едната е што Јанева ги повика обвинителите што се избрани да не дадат заклетва. Тоа загрижува од аспект што сите знаеме дека давањето заклетва е законска процедура, законска обврска и кога првиот човек на една таква институција ќе ги повика своите соработници да не дадат заклетва или, со други зборови, да не го почитуваат законот, тоа загрижува бидејќи сите ние очекуваме дека тоа е личност што најмногу ќе ги почитува законите. Втората загриженост и што, исто така, создава резерви е фактот што Јанева во еден ден даде изјава дека ќе работи со седум обвинтели, дека нема да застане и ќе продолжи со работа додека следниот ден комплетно ја промени својата одлука и кажа дека нема да работи со седум обвинители, додека не ѝ бидат избрани сите 14, што значи дека во меѓувреме некој ѝ дејствува на нејзиното мислење и оттука се создава резервата и прашањето на независноста, во смисла дали независно ги носи одлуките“, рече Груевски во интервјуто, додавајќи дека според него, тоа може произлегува од тоа што специјалната обвинителка „сè уште е нова во оваа работа и нема доволно искуство за една ваква функција“.

Во врска со судирот што се јави меѓу Катица Јанева и Советот на јавни обвинители, Груевски, меѓу редови, искажа разбирање за реакциите на обвинителите од Јавното обвинителство, а кои се однесуваат, како што рече, на бројот на вработени и на надоместоците што ги бара Јанева во специјалното обвинителство.

Утре е крајниот рок до кога Владата треба да се изјасни за општиот работен, персонален и финансов план, поднесен од Јанева и треба да ја одобри сумата од повеќе од еден милион евра што таа ја бара за работа на обвинителството.

Куќниот притвор заменет со притвор за осомничениот за нападот врз Арсовска

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите во жалбата...

Лекар од Струга со истечена лиценца, 4 години земал плата и додатоци

Четириесет и две годишен лекар од Струга, четири години земал плата и додатоци на плата, иако немал валидна лекарска лиценца, соопшти МВР. „Во периодот од 15 јули 2020 година, од кога му...

„Сапорт Кочани“ ја реализираше донацијата за Универзитетската клиника за пластична хирургија во Скопје

Граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ донираше медицинска опрема за третман и рехабилитација на повредените од трагичниот настан што се случи на 16 март 2025 година во кабаре клубот „Пулс“ во Кочани. Донацијата...

Започна електронското пријавување за сместување во студентски домови за 2025/2026

Од денеска, студентите од втора и повисоките години можат електронски да аплицираат за сместување во државните и приватните студентски домови за академската 2025/2026 година. Како што информира Министерството за образование и...

Куќниот притвор заменет со притвор за осомничениот за нападот врз Арсовска

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите...