fbpx

Груевски до Хан: ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи сите реформи кои се од интерес на граѓаните

-

Активностите кои се однесуваат на интеграциските процеси треба да се исполнат и ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи сите реформи за кои ќе оцени дека се од интерес на граѓаните, истакнал лидерот на опозициската партија, Никола Груевски, на средбата со еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан.

Груевски, како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, на средбата посочил дека главна цел на Владата на СДСМ не треба да биде само добивање позитивен извештај, какви Македонија имаше пред политичката криза, туку позитивна препорака за почеток на преговори за членство во Европската Унија.

„Груевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ сака да ја види државата што поскоро како членка на Европската Унија и НАТО, што впрочем и го заслужи, нешто што беше констатирано на самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, како и во 2009 година од страна на ЕУ. Доколку тогаш државата станеше членка на НАТО и почнеше разговори со Европската Унија, многу од предизвиците со кои се соочи немаше да се случат“, рекол Груевски на средбата со Хан.

Членот на тимот на Хан, Кирјакос Хараламбос, во врска со средбата, на „Твитер“ напиша дека еврокомесарот го „охрабрил Груевски да даде придонес во ЕУ-реформите, бидејќи поддршката на неговата партија е потребна, особено во билатералните односи со соседите“.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ биле истакнати и „неколку загрижувачки тенденции“ кои, како што посочиле од партијата, „негативно се одразуваат на актуелните состојби градејќи негативна клима во државата и лошо одразувајќи се на демократскиот капацитет“.

„СДС има иницијатива за генерален реизбор на судии и за промена на персоналниот состав на членови во Републичкиот судски совет, зад која се крие желбата за влијание и за партизација на судството, нешто со што директно се загрозува демократскиот амбиент. Во таа насока е и атмосферата во медиумите која е значително влошена откако постојат информации за медиуми кои се уценувани и врз кои е влевано страв преку СЈО и оделни членови на владата на СДС“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за средбата со еврокомесарот Хан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЗНМ: Претставка до ДИК за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Мета.мк

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека ќе достави претставка за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Новинската агенција Мета.мк до Државната изборна комисија (ДИК). Претставката...