fbpx

Груевски: Борбата пред 123 години денес е борба за напредок и за благосостојба

-

Како што Македонската револуционерна организација ги обедини сите под бајракот на слободата, така и денес треба да останеме сплотени, да останеме решителни и одлучни да го чуваме делото на Татарчев, Груев, Поп-Арсов, Хаџи-Николов, Димитров, Батанџиев, но и на плејадата знајни и незнајни херои од борбата за слободна Македонија, се вели во честитката од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по повод празникот 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба.

„Пред точно 123 години беше поставен темелот на македонската организирана борба за слобода и за сопствена татковина. Оваа искра речиси цел еден век ја распламтуваше борбата на народот во Македонија од илинденската епопеја, преку НОБ и АСНОМ, до 8 Септември. Идејата на македонската револуционерна организација го разбуди и го одржуваше стремежот за слободна и независна татковина Македонија… Таа борба и денес е исто жива и силна како пред 123 години. Таа борба денес е борба за напредок, благосостојба, нови работни места, повисок стандард, подобро здравство, современо земјоделство, модерно образование и подобра иднина. Нека е честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба“, стои во честитката од Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....