fbpx

Владата го одобри договорот за автопатите на Коридорите 8 и 10Д

-

На предлог на Комитетот за преговори за изградба на Коридорите 8 и 10Д, со кој раководи вицепремиерот Артан Груби, македонската влада денеска го одобри договорот за изградба на Коридорите 8 и 10д.

„Владата на денешната седница, на предлог на Комитетот за преговори за склучување на Договорот за градење на Коридорот 8 го одобри склучувањето на договорот со избраниот стратешки партнер, конзорциумот Bechtel и Enka, предвидено за утре, 08.03.2023 година. Со тоа, ќе се овозможи почеток на изградбата на овие важни проекти и реализација на оваа многугодишна стратешка определба за инфраструктурно поврзување на Република Северна Македонија со регионот, што ќе придонесе и во економскиот развој на државата“, известија од Владата.

Одобрувањето на договорот за изградба на автопатите на Коридорите 8 и 10Д доаѓа по четиринеделните преговори кои се воделе меѓу консултантот за финансиски трансакции на Владата, ИРД и меѓународниот конзорциум Бехтел-Енка.

„Денеска е голем ден во Управниот комитет и во Владата каде го разгледавме Извештајот на нашиот консултант за преговорите со конзорциумот Бехтел-Енка за изградба на Коридорот 8 и 10-Д како и одобрување на содржината и потпишување на договорот”, истакна Груби.

Воедно, Владата пред неколку недели го одобри заклучокот предложен од Комитетот за преговори дека се исполнети сите предуслови за почеток на преговорите и формирање на работни групи меѓу Бехтел-Енка и ИРД, преговори кои траеја 28 дена.

Инаку, изградбата на автопатите долж Коридорот 8 ги опфаќа проектите за изведба на трасата Тетово-Гостивар-Букојчани, како и делницата Требеништа-Струга-Ќафасан. Вкупната должина изнесува 68 километри, при што треба да се изгради автопат со шест коловозни ленти долж целата траса. На Коридорот 10Д, ќе се гради автопат од Прилеп до Битола со должина од 40 километри и шест коловозни ленти. Рокот за изведба е три години од почетокот на работите.

Од Кабинетот на вицепремиерот Груби велат дека реализацијата на оваа најголема капитална инвестиција во историјата на нашата земја ќе придонесе за економијата, модернизација на патната инфраструктура, што во иднина ќе овозможи дополнителен развој на услугите, подобри услови за развој на бизнисот, но и поквалитетен живот, врски со соседите и меѓународните коридори.

Владата веќе го потпиша Меморандумот за изградба на овие автопати со конзорциумот „Бехтел-Енка“ во март 2021 година, додека пратениците од Собранието на РСМ во јули 2021 година го донесоа Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на автопатите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...