fbpx

Груби – Кукан: Посветени сме на реализација на очекувањата на Брисел, очекуваме поддршка

-

Претседателот на Комисијата за европски прашања и пратеник од ДУИ, Артан Груби, денеска во Брисел се сретнал и со европратеникот Едвард Кукан. Двајцата соговорници зборувале за актуелните случувања во земјата, владината коалиција, реформите и за интеграциските процеси.

„За да се олесни интегративниот процес, ние како парламентарно мнозинство, целосно сме посветени на тоа за да ги реализираме сите очекувања од Брисел и очекуваме иста посветеност од нашите пријатели во Брисел“, изјавил Груби.

Кукан ветил поддршка во напредокот на интегративните процеси во Европската Унија и добивање на датум за почеток на преговорите.

Груби денеска се сретна и со европратеникот Кнут Фленкештајн.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Лицето кое ја уби 46-годишната Танкица Маладеновска во Кочани на 25 септември доби доживотна затворска казна, соопшти Јавното обвинителство. Основниот суд во Кочани донесе пресуда за злосторникот за кривичното дело...