fbpx

Грците се пожалија кај Могерини за Милошоски

-

Грчката нервоза околу фотографијата на поранешнит шеф на македонската дипломатијата, Антонио Милошоски, со знамето со сонцето од Вергина дојде и до високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини.

Европратеничката на Нова демократија, Марија Спираки, испрати писмо до Комисијата и до Могерини со кое укажува на случајот со Милошоски и прашува колку неговото однесување е во согласност со принцпите на ЕУ за добрососедски односи и како тоа ѝ помага на европската перспектива на Македонија и за побрзо решавање на спорот за името.

Спираки во писмото истакнува дека Милошоски повторно ја прекршува Привремената спогодба преку фотографија со знаме со сонцето од Вергина. Грчката европратеничка забележува дека Милошоски со овој чекор директно ги демантира сите изјави на премиерот Никола Груевски, кој минатата недела во Стразбур се обидел да ги убеди европратениците и Комисијата дека Македонија ги исполнува сите услови за почеток на преговорите и ги почитува во целост принципите за добрососедски односи. Како што се вели во писмото, Милошоски ја игнорира Привремената спогодба, со која е договорено да не се користи симболот од Вергина на државни симболи и со неговата фотографија со знамето со овој симбол покажува непочитување кон меѓународното право.

„Ја прашувам високата претставничка колку ова дело на заменик-претседателот на Собранието на БЈРМ е поврзана со духот на добрососедските односи, кој е услов за европската перспектива на БЈРМ, колку е во духот на предлогот на Европската комисија за одредување датум за почеток на преговори за БЈРМ и колку ова дело на Милошоски е во согласност со апелот на ЕУ за наоѓање заеднички прифатливо решение за БЈРМ“, пишува Спираки до Могерини.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...