fbpx

Грција ќе бара краткорочна преодна програма

-

Предлогот на грчката влада до европските кредитори е за преоден договор што ќе го покрие јули. За ова информираат владини извори, кои истакнуваат дека се отворени да слушнат и други предлози за програма на краток рок, во кој ќе може да се подготви предлог за долгорочна одржлива програма.

Според информациите, грчката влада утре ќе претстави предлог кој претставува еден вид заедничка основа за да се постигне одржливо решение, во кој е направена комбинација од барањата на грчките граѓани, според резултатот од референдумот, заедничките позиции на сите грчки политички лидери и од предлозите на европските институции.

За идеите се разговарало на средбата на премиерот Алексис Ципрас со канцеларката Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и со првиот човек на Европската Комисија, Жан-Клод Јункер. Дискусијата била со тенденција да се одреди насока во која треба да се движи решението за да има успешни резултати. Предлогот ќе биде доставен до сите министри за финансии, кои утре ќе го дискутираат на телеконференцијата на Еврогрупата.

Идејата за краткорочно, преодно решение е за што побргу да се одврзат рацете на Европската централна банка за финансиска помош на грчките банки, за да се врати во нормала ликвидноста на банките и да се избегне ризик од дополнително влошување на банкарската криза во земјата.

Грчкиот премиер во Брисел успеа да се сретне и со првиот човек на ЕЦБ, Марио Драги, а претходно имаше и телефонски разговор со американскиот претседател, Барак Обама, кој изразил надеж дека наскоро ќе се дојде до решение.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...