fbpx

Грција годинава почнува со конструкција на „Трансјадранскиот гасовод“

-

Грција на 17 мај ќе го одбележи официјалниот почеток на работата на „Трансјадранскиот гасовод ТАП“, кој ќе пренесува азербејџански гас кон Европа. Официјалната церемонија ќе биде на 17 мај во Солун, во присуство на премиерот Алексис Ципрас и на голем број гости од државите вклуечни во ТАП, како Азербејџан, Италија, Албанија и Турција.

Изградбата на гасоводот, кој се смета за една од најголемите странски инвестиции во Грција во овие шест години, колку што трае финансиската криза, ќе почне од средината на годинава. Засега, според информациите, на гасоводот ќе работат околу 150 грчки компании. ТАП ќе пренесува азербејџански гас преку Турција, Грција, Албанија и Италија кон Европа и ќе биде првата алтернатива на рускиот гас во ЕУ. Гасоводот ќе биде долг околу 800 километри, од кои околу 500 ќе поминуваат низ Грција.

Во 2013 година, кога и беше одлучено азербејџанскиот гас од наоѓалиштето Шах Дениз да се пренесува преку ТАП, во Грција се прогнозираше дека гасоводот ќе отвори околу 2.000 директни работни места при конструкцијата и уште 10.000 споредни работни позиции во државата. Во Грција гасоводот се гледа и како одлична можност државата да се позиционира како клучен енергетски играч во ЕУ.

Иако е долг патот додека се заврши конструкцијата и почне пренесувањето на азербејџанскиот гас, сепак грчките надежи се дека ТАП ќе помогне и да се намалат цените за гас во државата, бидејќи во Грција пристига само руски гас со цени 35 отсто повисоки во споредба со другите европски држави.

ТАП отвора можности и за балканските држави, вклучувајќи ја и Македонија, бидејќи е во игра можноста да се пуштат краци кон Балканот. За оваа тема веќе имаат разговарано македонските и грчките политичари, а неодамна во Солун двајцата шефови на дипломатиите, Никола Попоски и Никос Коѕиас, најавија дека на состаноците за мерките за градење доверба ќе се дискутира и за енергетската соработка меѓу двете страни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...