Грозоморно чедоморство во Хрватска: Татко си ги задавил трите малолетни деца

Загреб, Хрватска | Фото: strgars from Pixabay

Грозоморно чедоморство ја шокираше Хрватска утрово – 56-годишен маж со раце си ги задавил трите малолетни деца во загрепската населба Млинови. Потоа се обидел да се самоубие, јави „Јутарњни лист“.

Според неофицијалните сознанија на весникот, станува збор за разведен финансиски консултант од Виена, а децата најверојатно требало викендот да го поминат со него. Две од дечињата биле близначиња на 7 годишна возраст, а третото имало само 4 години.

Што е уште погрозоморно во оваа трагедија, изгледа дека тој на Фејсбук најавил дека би можел да направи нешто страшно.

Полицијата го пронашла убиецот во стан во вила во Млинови со полусвесна состојба, а се претпоставува дека се отрул или испил големо количество таблети. Бил префрлен во болницата „Сестре милосрднице“, а засега нема информации за неговата состојба.

Сторителот на чедоморството бил искусен финасиски консултат, магистер на деловна администрација, а работел во некои од водечките австриски куќи за лизинг, но бил и на директорски позициии во компаниите „Роберт Бош“ и „Алкател“. Тој е австриски државјанин со постојана адреса во Хрватска.

Најавата дека би можел да стори нешто ужасно ја сторил со пост на Фејсбук објавен околу полноќ, во кој, меѓу другото, напишал: „Збогум на сите….“ и како мотив ги навел лошите односи со поранешната сопруга и актуелната партнерка.. Пишал и дека во последните година и половина се обидувал да се врати на работа, споменувал „браќа од масонската ложа“ што не сакале да му помогнат, освен двајцата најдобри пријатели и двајцата браќа, пишува „Јутарњи лист“.