fbpx

ГРОМ: Треба да се отвори широка дебата за реформите во образованието

-

Во услови на крајна поларизација поради најавените промени во високото образование, ГРОМ се залага за дијалог и за здружување на напорите заради подигнување на квалитетот на високото образование, изјави Стевчо Јакимовски, лидерот на ГРОМ, на денешната прес-конференција.

– Прв предуслов за ова е отворање на широка дебата, во која покрај претставници на државата како предлагачи на промените, ќе бидат вклучени академската заедница, студентите, бизнис-секторот и граѓанските организации. Треба да се тргне од позициите дека државата треба да ги креира правилата на игра, но не смее да учествува во играта кога станува збор за академското образование. Пред да се почне со спроведување на какви било интервенции во постојниот систем на високо образование, треба безусловно да се почитува уставно загарантираната автономија на универзитетите и да се имаат предвид интересите на студентите – изјави Јакимовски.

Потпретседалот на партијата, Зоран Поповски, предложи да се воведат десет мерки со кои ќе се подобри образованието. Дел од предложените мерки се: итно заострување на нормативите и на стандардите за вршење на високообразовна дејност, државата преку своите органи поефикасно да си ги извршува ингеренциите во високото образование за кои веќе има законски надлежности, да се почне јавна кампања како почеток на бескомпромисна борба против корупцијата и злоупотребите во високото образование, да се заострат критериумите за нострификација на странските дипломи, да се финансираат проекти во чија реализација ќе бидат вклучени најдобрите дипломци од најдобро рангираните универзитети во државата, со што ќе се обезбеди подмладување на кадарот на универзитетите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...