fbpx

Грковска: Мора да создадеме услови информатичарите да бидат соодветно вреднувани за да не си одат

-

Иднината на студентите од факултетите од областа на информатичко-комуникациските технологии во земјава, спречувањето на нивното заминување и важноста на нивното учество во креирањето на решенијата за дигитализацијата во земјава беа темите кои денес вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска ги дискутираше со претставници од факултетите од оваа област.

Грковска оцени дека студентите кои ги завршуваат овие факултети ќе бидат клучни носители на процесот на дигитална трансформација на општеството и затоа е важно овие факултети активно да бидат вклучени во креирањето на решенијата за дигитализацијата.

За таа цел, објасни таа, формиран е и Националниот совет за дигитална трансформација на општеството, каде меѓу другите надлежни институции, има и претставници од овие факултети.  Грковска истакна дека на тој Совет ќе разговара за сите отворени прашања, вклучително и потребата за централизација и стандардизација на системите на сите институции.

Прашањето за одливот на кадри и за начините за задржување на информатичарите во земјата, како и за пронаоѓање модел кој ќе обезбеди нивно задржување во јавниот сектор, а притоа нивниот труд да биде соодветно вреднуван, беше исто така тема на разговорот.

На состанокот со претставниците од четирите факултети за информатички науки во земјава – ФИНКИ и ФЕИТ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, ФИКТ при Универзитет „Свети Климент Охридски“ – Битола и Факултет за компјутерска техника и информатика од „Американ Колеџ“ – Скопје, беше презентирана можноста, преку соработка со приватни компании, студентите да посетуваат бесплатна едукативна програма наменета за образовните институции од сите степени, со цел развој на вештини, знаење и иновации во информатиката.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...