Американскиот магазин „Тајм“ ја прогласи шведската активистка Грета Тунберг за личност на годината, заради нејзината посветеност во борбата против климатските промени.
Фотографирана во Лисабон, Португалија таа ја краси насловната страница на „Тајм“ со краток опис до неа „моќта на младоста“.
Денеска, во исто време додека „Тајм“ објави дека таа е личноста на годината, Тунберг на самитот на Обеднети нации во Мадрид ги обвини политичките и бизнис лидерите дека не преземаат агресивни акции во борбата против климатските промени.
Тунберг истакна дека многу ветувања за балансирање на емисии на штетни гасови со ефект на стаклена градина не го вклучуваат влијанието на бродоградителството, воздухопловството и меѓународната трговија и повика на побрзо дејствување.