Грешка или погрешна информација – вака премиерот Мицкоски ги оцени царините на Трамп за Македонија

Според податоците на Државниот завод за статистика, Македонија има дефицит во размената со САД во 2024 година ако се сметаат добрата и услугите, но ако се исклучат услугите и се пресмета само трговијата со добра, тогаш САД има дефицит во 2024 година од околу 113 милиони долари

-

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека воведувањето на 33 отсто царина за Македонија од страна на САД, што е една од највисоките царински стапки на Балканот, заедно со БиХ и Србија, најверојатно е грешка или резултат на погрешна информција. Како што рече на денешната прес-конференција во одговор на новинарско прашање, Мицкоски очекува ова многу скоро да се корегира.

„Ние работиме со нашите партнери од САД. Очекувам многу скоро да се корегира ова коешто очигледно е резултат на некаква грешка, или погрешна информација. Имајќи предвид дека нашата трговска размена со САД во 2024 е во негатива, односно сме во дефицит. Тие држави кои што се во дефицит, практично немаат ваков тип на зголемување на давачките,“ рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека Владата била во контакт со Амбасадата на САД, Министерството за Економија, и со кабинтетот на претседателот Трамп.

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во Брисел при средбата со Државниот секретар Марко Рубио разговарале за излегување од состојбата во која што САД моментално ја ставиле нашата земја.

Премиерот не откри што точно се разговарало со партнерите од САД, само изјави дека се работи за сензитивен процес и дека јавноста детално ќе биде информирана тогаш кога процесот ќе заврши.

„Што се однесува до тоа кој дел од економијата ќе биде погоден можам да кажам дека секундарните ефекти можеби ќе бидат поголеми односно доколку, да речеме, земјите од ЕУ не успеат да го надминат сето ова со САД, тогаш ефектите би биле многу поголеми отколку сега примарните ефекти кои ние ги имаме директно на билатерално ниво со САД,“ одговори Мицкоски на прашање за кој дел од македонската економија најмногу ќе биде погоден од воведените царини.

Инаку, според формулата на Белата куќа за пресметување реципрочни царини, предвид се зема дефицитот во трговската размена, но само на добра, а не на услуги. Така, според податоците на Државниот завод за статистика, Македонија има дефицит во размената со САД во 2024 година ако се сметаат добрата и услугите, но ако се исклучат услугите и предвид се земе само трговијата со добра, тогаш САД има дефицит во 2024 година од околу 113 милиони долари.

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите...

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста...