Грејната сезона завршува денес, на 15 април, а стартува таканаречениот „преоден период“ кој трае до 30 април, информираше Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ)
Како што велат од таму, од утре па сè до крајот на април, доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 степени целзиусови, снабдувачот е должен во грејните простории во времето од 6 до 22 часот во текот на денот да обезбеди температура на греење од 20+1 степен целзиусов.