fbpx

Грција сепак не е европски шампион за Ковид-19

-

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од БиХ на север, до Грција на југ.

Според бројката на извршени тестирања за новиот корона вирус, Грција не е на првото место во регионот и во Европа, пишува грчкиот портал за борба против дезинформациите ellinikahoaxes.gr, оспорувајќи ги тврдења дека Грција има најмногу извршени тестирања.

Спорното тврдење се фаќа за изјавата на заменик-министерот за здравство на Грција, Василис Кодозаманис за грчката државна телевизија ЕРТ, дека наводно некоја научна студија утврдила дека Грција е на врвот според направени тестови по дијагностицирано лице со Ковид-19.

Тој не дал друга поткрепа на таквото тврдење, освен споменување на научна студија, ама наскоро во некои медиуми на грчки јазик се појавил и инфографик за слична содржина, кој ја става Грција на првото место според бројот на тестирани и бројот на заболени.

Всушност, податоците се земени на 5 мај од иницијативата Our World In Data, но бидејќи податоците на таа листа не ги опфаќаат сите земји од Европа, неосновано се тврди дека Грција предничи на листата, пишува еllinikahoaxes.gr.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

В петок се отвора изложбата „Париски рефлексии III“ во Чифте амам

Францускиот институт во Скопје и Националната галерија во рамките на одбележување на Месецот на Франкофонијата, го најавуваат третото продолжение од циклусот изложби, под наслов „Париски рефлексии“. Отворањето ќе се одржи...