fbpx

Грчкото собрание ги изгласа новите закони за даночни поскапувања

-

Со 153 гласа „за“, грчкото собрание го изгласа новиот пакет закони кои во Грција носат нови даночни поскапувања, пензиски реформи и приватизација на државните компании. Мерките ги поддржаа пратениците на владеjачката коалиција СИРИЗА-Независни Грци, кои исто така го изгласаа и автоматскиот механизам за стопирање на финансиите во јавната администрација, кој ќе се активира доколу Грција до 2018 година не ги исполни договорените реформи и цели.

Меѓутоа, гласањето донесе и нова, неочекувана загуба за владејачкото мнозинство. Пратеничката на СИРИЗА, Васили Катривану, која гласаше општо за законите, но беше против членот за приватизација на компаниите, веднаш по гласањето најави дека се повлекува од пратеничкото место, бидејќи смета дека владата прифаќа и спроведува мерки кои се контра нејзината идеологија и вредности.

Нејзиното пратеничко место се очекува да го наследи портпаролот на координативното тело за бегалската криза, Јоргос Кирицис.

Со новите закони од јуни и официјално данокот на додадена вредност ќе се зголеми на 24 отсто. Се очекуваат поскапувања на туристичките и угостителските услуги, поскапување на пакуваната храна како брашно, ориз и макарони, поскапи сметки за телефон, мобилен и интернет, поскап бензин и нафта за греење, а ќе биде повисок и данокот на имот.

Владата со овие мерки ќе го поскапе и кафето и пивото во кафулињата, сметките во таверните, поскапуваат цигарите, преноќувањата, а се укинуваат даночните намалувања и поволности за грчките острови.

Покрај новите даночни оптоварувања кои ќе внесат 1,8 милијарди евра во државната каса се предвидува и создавање на нова независна даночна служба која ќе ги контролира сите јавни трошоци, како и нов независен фонд за приватизација, што се очекува да предизвика нов бран штрајкови во дел од државните компании како пристаништето Пиреја.

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...