fbpx

Грчките власти продолжуваат со акцијата за релокација на бегалците од Евзони и од Идомени

-

Продолжува акцијата на грчките власти за релокација на бегалците што се наоѓаат во импровизирани кампови покрај македонско-грчката граница. Откако вчера беше испразнет кампот и беа релоцирани 1.158 бегалци од бензинската станица кај Поликастро, грчката полиција денеска планира да ги релоцира бегалците кои се на бензинската станица непосредно пред граничниот премин Евзони, во насоката кон Македонија, и на паркиралштето пред хотелот „Хара“ во близина на Идомени, каде според вчерашните официјални бројки имаше околу 2.000 луѓе.

Под знак прашалник е дали сите бегалци се таму или дел повторно имаат заминато самостојно на друга локација зошто не сакаат да одат во бегалските центри. Се претпоставува дека така постапиле и дел од бегалците од Поликастро, кои, според официјалните бројки беа нешто повеќе од 1.800, а официјално беа преместени 1.158 луѓе. Во камповите каде се одвива акцијата денеска, бегалците се преселија веднаш по полициската акција за празнење на Идомени бидејќи не сакаа да заминат во бегалските центри, стравувајќи дека и таму условите за живот нема да бидат ништо подобри од Идомени.

Утрово акцијата за празнење на двата дополнителни импровизирани кампови се одвива мирно. Веќе замина еден автобус со 49 лица од Мароко, Алжир и од Пакистан во насока на еден од бегалските центри во Солун.

Бегалците кои вчера беа преместени од Поликастро кон солунскиот центар Василика ги дочека тензична клима од жителите на селото, кои се бунтуваа против бегалскиот центар.

Паралелно со полициската акција за релокација на бегалците од импровизираните кампови во официјалните државни бегалски центри во Атина и во Солун, почна и процесот на регистрација на бегалците кои се влезени во Грција од 1 јануари до 19 март годинава и сакаат да поднесат барање за азил. Регистрацијата се одвива под палката на Службата за азил во соработка со УНХЦР и со Европската служба за поддршка на процесот за азил и ќе трае барем два месеци.

Досега се регистрирани околу 1.200 бегалци. При регистрацијата секој бегалец поминува интервју, а потоа апликантите се делат во три категории: бегалци кои исполнуваат услови да бидат релоцирани во друга земја од ЕУ, бегалци кои бараат да бидат поврзани со своето семејство кое веќе е во друга европска држава и баратели на азил во Грција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...