Грчките туристички агенции ги суспендираат аранжманите за Турција

Една по една туристичките агенции во северниот дел на Грција ги прекинуваат патните аранжмани за Турција, како протест по апсењето на двајцата грчки војници.

Од солунската туристичка агенција „Зорпидис“ која ги прекина сите организирати тури за Турција, велат дека се решиле на таков чекор „како минимум поддршка“ на уапсените војници.

Во соопштението се вели и дека „Агенцијата ги става во мирување сите организирани патувања во различни делови на Турција се додека ситуацијата не се нормализира“.

Двајцата припадници на грчката Армија минатата недела беа уапсени од турска воена патрола, откако поради лошите временски услови залутале и илегално ја поминале границата меѓу двете земји во реонот на реката Марица.