Грчкиот парламент попладнево со 153 пратеници „за“ го ратификуваше Договорот од Преспа потпишан помеѓу Македонија и Грција за крај на спорот со името кој се водеше речиси три децении.

Сите 300 пратеници поединечно, со прозивање, се изјаснија за прашањето дали се „за“, „против“ или „воздржано“ за ратификацијата на Договорот од Преспа.

Од нив 146 биле против, а еден гласал „воздржано“.

Македонија на 11 јануари, со изгласување на промените на Уставот ја заврши целата процедура околу имплементирањето на Договорот од Преспа.