fbpx

Грчкиот парламент ги изгласа мерките од 5,4 милијарди евра

-

Со 153 гласа „за“, помина новиот пакет мерки за пензиски и за даночни реформи во Грција. За мерките гласаа пратениците на СИРИЗА и на Независни Грци, а против беа 143 пратеници од опозицијата. Од гласањето отсуствуваа четворица пратеници, меѓу кои и поранешната шефица на дипломатијата, Дора Бакојани, и лидерот на ПАСОК, Фофи Генимата.

Мерките беа изгласани по жестока дводневна дискусија меѓу владата и опозициските партии. Премиерот Алексис Ципрас при говорот во Собранието ги отфрли сите обвинувања кон него од опозицијата и истакна дека благодарение на владата на СИРИЗА, ЕУ првпат ќе разговара за олеснување на грчкиот долг.

Денеска со изгласан пакет и со оценка дека со ова Грција има позасилена преговарачка позиција, во Брисел оди министерот за финансии, Евклидис Цакалотос, кој на состанокот на еврогрупата за Грција ќе бара да не се прифати предлогот на ММФ за дополнителен пакет мерки со кои ќе се гарантира дека Грција ќе ги исполни договорените цели.

Со изгласаните мерки, Грција ја очекуваат нови намалувања на пензиите и зголемување на данокот на бројни производи и услуги, како пакуваната храна, алкохолот, цигарите, хотелските и угостителските услуги, авионскиот превоз, билетите за јавен транспорт, претплатата за интернет и други.

Додека во парламентот се дискутираше за мерките, пред него, од изутрината па сè до доцна вечерта, граѓаните протестираа во голем број, со барање владата да се откаже од мерките и да не се дозволи намалување на пензиите и нови даночни оптоварувања.

Протестот ескалираше со инциденти и со судири меѓу група демонстранти и полицијата. Инцидентите почнаа кога мала група маскирани момчиња фрлија молотови коктели и камења кон полицијата. Полицијата возврати со солзавец и со шок-бомби, а по инцидентите беа приведени 15 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...