fbpx

Грчки заменик министер размислува да бара странски инвеститори меѓу бегалците

-

Грчкиот заменик министер за надворешни работи, Димитрис Мардас разгледува идеја да се најдат странски инвеститори меѓу бегалците и мигрантите кои стигаат во Грција.

Мардас го разработува предлогот, кој потоа ќе биде доставен на разгледување до грчкиот премиер, да се изработува и разгледува финансиската состојба на бегалците и мигрантите кои се веќе во Грција или ќе доаѓаат понатаму. Идејата е доколку меѓу нив се воочат богати луѓе со банкарски сметки во странство кои во моментов на еден или друг начин се во Грција да им се понуди да инвестираат 250.0000 во државата, а за возврат да добијат легален престој.

Грчката влада има закон со кој доколку странци инвестираат најмалку 250.000 евра во државата, добиваат веднаш дозвола за престој во Грција и имаат поповолни услови за купување стан или куќа.

Логиката на Мардас е дека меѓу бегалците можно е да има и многу богати луѓе и бизнисмени кои не успеале да добијат виза за да заминат директно за Европа и го следат патот преку Турција заедно со другите бегалци.

– Нашата работа е да најдеме инвеститори. Во оваа насока може да размислиме за анализа на финансискиот профил на бегалците, за да утврдиме кои од нив имаат депозити во странство и би сакале да инвестираат во Грција – истакна Мардас.

Идејата на Мардас наиде на жестоки реакции од опозициските Нова демократија и ПАСОК.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....