Грчката криза ги испразни казината во Гевгелија

-

Во казината во Гевгелија бројот на клиенти од Грција опаѓа од 2011 година, па наваму, но тоа е поизразено во овој период.

– Грците се перманентно во криза, но од 2011 година наваму нивниот број во казината сè повеќе се намалува. Тоа е поизразено сега поради економската неизвесноста и затворањето на банките. Трендот на опаѓање на посетите продолжува – изјави за „Мета“, Александар Алексов од казиното „Аполонија“.

Тој објаснува дека не само во казината, туку дека сè помалиот број гости се одразува и врз прометот на другите стопански субјекти.

Грците сè поретко може да сретнат и на зелениот пазар во Битола и по бутиците за облека и за чевли.

Со стравувања дека преку граница не можат да изнесат зеленчук, овошје и храна од Македонија, битолските дуќанџии велат дека прометот им е паднат на половина. Според нив, грчката криза удира и по нашата економија во пограничниот регион.

– Од Грците го вадевме ќарот, ама сега ги нема, не трошат ниту евро. Ако поминат на пазар, ги молам да земат грав и ориз, ама не купуваат, велат дека на граница им ги фрлаат најлоните со храна. Затоа велам дека нивната криза е и наша криза – вели продавачка на зелениот пазар во Битола.

Озбек Ајваз: Чаир е место во кое соживотот е реалност

Младиот и перспективен уметник од скопската населба Чаир, Озбек Ајваз, денеска во неговото маало, ја постави урбаната уметничка инсталација која ја нарече „Клуата на заедниците“. Ајваз е добитник на наградата „Шампион на...

„Н1“: Од каде српско „љ“ во рускиот извештај и други нелогичности?

Безбедносната информативна агенција (БИА) на својата веб-страница објави извештај на Руската Федерална служба за безбедност за употребата на таканаречениот звучен топ во Србија. Веднаш штом бил објавен текстот, биле забележани грешки...

Екс градоначалникот на Лозово дозволил незаконски да се исплатат 205 илјади денари

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.В. (48) од Лозово, Т.Г. (51) од Скопје и Л.Л. (68) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена...

Денот на победата над фашизмот се прославува и во Скопје

Денот на победата над фашизмот се празнува и се одбележува и во Скопје (и во сите други градови во земјата), но и како Ден на Европа, а на 8 мај како...

Озбек Ајваз: Чаир е место во кое соживотот е реалност

Младиот и перспективен уметник од скопската населба Чаир, Озбек Ајваз, денеска во неговото маало, ја постави урбаната уметничка инсталација која ја нарече „Клуата на заедниците“. Ајваз е добитник на наградата...