fbpx

Грчка народна банка: Без договор, Грција ја чека излез од еврозоната, банкрот и можно напуштање на ЕУ

-

Грчката народна банка ја предупреди владата на Алексис Ципрас дека непостигнувањето договор со европските кредитори ќе биде еднакво на банкрот, принудно напуштање на еврозоната, а веројатно и на Европската унија. Во извештајот на Народната банка за грчката фискална политика се подвлекува дека неуспехот и пропаѓањето на неколкумесечните преговори во вода ќе биде катастрофално за Грција и со сигурност ќе ја доведе државата пред нови тешки моменти.

Според анализата, потенцијалниот излез на Грција од еврозоната ќе доведе до финансиски и до социјален удар, создавајќи големи проблеми за банкарскиот систем и за финансиската стабилност на државата. Доколку државата се соочи со напуштање на еврото, тоа ќе за неа практично ќе значи длабока рецесија, драстично намалување на платите, зголемување на невработеноста и отфрлање на сè  што има постигнато грчката економија од нејзиниот влез во ЕУ и во еврозоната.

„Народната банка строго го поддржува ставот дека постигнување договор со кредиторите е историска должност што не смееме да ја игнорираме. Потребен ни е одржлив договор, кој ќе се заснова на одржлив долг, ослободувајќи ги следните генерации од товарот кој не смееме да им го оставиме во наследство“, се вели во извештајот.

Оцените на банката се дека е неопходно да се надминат разликите и да се најде заеднички јазик во условите на договорот, како и дека намалувањето на првичниот суфицит за кој се согласуваат европските партнери ќе го продолжи значително времето неопходно за финансиско прилагодување и за водење послободна фискална политика. Во заклучоците се забележува дека кредиторите би требало да размислат за реструктуирање на долгот за да се дојде до поодржлив договор и да се олеснат условите и за грчката влада и за грчкиот народ.

Според анализите на банката, поради финансиската неизвесност во изминатите месеци од банката се одлеани 30 милијарди евра во периодот од октомври 2014 до април 2015 година, главно поради извлекување готовина и одлив на средства во странство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...