„Гранит“ ќе ја гради првата фаза од автопатот Скопје – Блаце

-

„Гранит“ од Скопје и официјално е избран за најповолен понудувач за изведбата на првите два километри од автопатот Скопје – Блаце. Во просториите на владата утре и официјално ќе се потпише договорот за изведба на првата фаза од проектот, која што ќе се гради на потегот од граничниот премин „Блаце“ до клучката кај селото Блаце. Тендерот за автопатот Скопје – Блаце овој пат заврши успешно, откако три компании „Гранит“, „Бетон“ и бугарската „ИСА 2000“ доставија понуди за учество во постапката.

Од Јавното претпријатие за државни патишта за „Мета.мк“ информираат дека скопски „Гранит“ доставил најповолна понуда за изградба на автопатот, а склучувањето на договорот со оваа компанија следи по изминувањето на рокот за поднесување жалби од останатите понудувачи.

Градежните работи на терен се очекуваат да започнат претстојнава пролет, при што од ЈП за државни патишта очекуваат во периодот април – јуни 2020 година да се распише и тендерот за избор на изведувач што ќе ја гради втората фаза од автопатот Скопје – Блаце. За втората фаза од целокупната траса долга 12,5 километри во моментов се изработува проектната документација. Изградбата на целиот автопат Скопје – Блаце се очекува да чини околу 110 милиони евра.

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите...

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста...