Вчеравечер, околу 21 часот, е гранатирана Владата на Република Македонија.
Според МВР, гранатиран е блокот број пет од зградата на Владата, кој е свртен кон мостот Гоце Делчев, но гранатата паднала неколку метри пред објектот, кој не е оштетен.
Во експлозијата немало жртви ниту е причинета материјална штета, соопшти МВР.