Граѓанското движење „Кој е Следен“ оваа сабота ќе оди во Кочани на „Маршот на Ангелите“

Граѓанското движење најави дека тргнувањето ќе биде организирано од две локации, паркинзите на „Хотел Хилтон“ и спортскиот центар „Јане Сандански“

Фото: Одење во Кочани на „Маршот на Ангелите“, Кој е Следен

Граѓанското движење „Кој е следен?“, најави дека во сабота, ќе се придружат на маршот во Кочани, и ќе се придружат на сите граѓани кои што ја бараат правдата за трагедијата.

„Граѓаните на Кочани протестираат макотрпно секоја недела и потребна им е нашата поддршка! Сега е моментот да покажеме дека сме еден народ, едно срце, една болка и една сила. Кочани, не сте сами. Македонија е со вас“, напишаа тие.

Граѓанското движење најави дека тргнувањето ќе биде организирано од две локации, паркинзите на „Хотел Хилтон“ и спортскиот центар „Јане Сандански“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @koj_e_sleden