Граѓанскиот сектор во Србија бара да запре репресијата и слобода за политичките затвореници

Српските власти да престанат со репресиите врз граѓаните, активистите и опозициските членови кои бараат кривична одговорност за смртта на 15 граѓани по падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, стои во соопштението

-

Дваесет и седум организации од граѓанскиот сектор во Србија објавија заедничко соопштение со кое бараат од српските власти да престанат со репресиите врз граѓаните, активистите и опозициските членови кои бараат кривична одговорност за смртта на 15 граѓани по падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад. Заедничкото соопштение објавено на веб-страницата на Центарот за истражување, транспарентност и одговорност (ЦРТА), е потпишано и од Иницијативата млади за човекови права, Белградскиот центар за безбедносна политика, од Хелсиншкиот комитет за човекови права, потоа, Фондацијата „Славко Ќурувија“, Независно здружение на новинари, Граѓански иницијативи, „Share“ Фондацијата, Автономен женски центар, фондацијата ИСАК и други организации.

„Репресијата врз граѓаните е сè посурова, а највисоките државни функционери ја оправдуваат и поттикнуваат. Долги години укажуваме на зголемувањето на насилството во општеството и на ерозијата на владеењето на правото. Поради континуираното отсуство на дијалог, довербата на граѓаните во институциите е целосно уништена и отворен е патот за преовладување на насилството во решавањето на споровите. Бараме Јавното обвинителство што поскоро да свика прес-конференција и на граѓаните да им ги достави сите информации. Бараме и од Високиот суд и Обвинителството во Нови Сад сите неправедно приведени граѓани да бидат пуштени да се бранат од слобода, но и сите насилници од протестот на 5 ноември да бидат фер кривично гонети, како и одговорните во полицијата кои дозволиле насилство врз јавниот и приватниот имот и граѓаните“, наведено е во заедничкото соопштение.

Вчерашното и денешното насилство врз пратеници и советници пред обвинителството во Нови Сад е само продолжување на репресивните мерки, што се одразува со неоснованото приведување на најмалку девет граѓани, меѓу кои студентот Реља Станојевиќ, активистот Иван Бјелиќ како и политичарите Миша Бачулов и Горан Јешиќ.

„Потсетуваме и на заплашувањето на младите активисти на групата Свиќе, како Никола Ристиќ, кој неоправдано беше уапсен на 3 ноември, како и на заплашувањето на активистите на групата СТАВ и Младинската иницијатива за човекови права, Миле Пајиќ и Доротеја Антиќ, кои беа практично киднапирани од непознати лица и приведени во просториите на БИА“, се наведува во соопштението.

Според организациите потписници на заедничкото соопштение, обврска на институциите е да го гарантираат правото на протест, односно, слободата на собирање и изразување како основни човекови права.

„Бараме Заштитникот на граѓаните во сите овие случаи да ги брани правата на граѓаните и да ги идентификува пропустите на државните органи. Остануваме солидарни со демократската борба на граѓаните за враќање на заробената држава во рамките на институциите. Бараме слобода за сите политички затвореници и одговорност на властите и државните институции“, пишува во соопштението.

Утре посебен режим на сообраќај во Аеродром поради атлетска трка

Утре во периодот во 7 и 30 часот до 10 и 30 часот, ќе се одржи атлетска улична трка со стартно-целна позиција на булевар „Јане Сандански“, па поради тоа ќе има...

Калас: Важно е Македонија да остане на европскиот пат

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија Каја Калас, по посетата на Скопје, порача дека Македонија припаѓа во европското семејство и оти е...

Измамник „извлекол“ 17.300 евра од 83 годишна Скопјанка

Измамник кој се претставил како полициски службеник, успеал да одземе 17.300 евра од 83 годишна Скопјанка, информираат во Министерството за внатрешни работи (МВР). Жената вчера го пријавила случајот во полициската станица...

ИЈЗ: Немаат симптоми лицата со кои биле во контакт заразените со мајмунски симапници

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска информира дека епидемиолози искомуницирале со контактите на позитивните лица со Mpox (мајмунски сипаници) и истите посочиле дека немаат никакви симптоми на ова заболување. „Позитивните лица се...

Утре посебен режим на сообраќај во Аеродром поради атлетска трка

Утре во периодот во 7 и 30 часот до 10 и 30 часот, ќе се одржи атлетска улична трка со стартно-целна позиција на булевар „Јане Сандански“, па поради тоа...