Граѓански организации и медиуми беа дел од работилницата „Што претставува и зошто е важен Законот за дигитални услуги на ЕУ?“

„Со овој закон, Европската Унија поставува глобален стандард за праведен и сигурен интернет за сите. Според некои политичари во Брисел, DSA ќе внесе ред во дигиталниот ‘Див Запад’. Затоа е важно да се разбере што содржи овој закон на ЕУ“, беше истакнато на работилницата

-

Во Западен Балкан, усогласувањето со Законот за дигитални услуги (Digital Services Act – DSA) на Европската Унија е клучно за создавање побезбеден онлајн простор. Земјите веќе работат на усогласувањето, а владите, граѓанскиот сектор и технолошките компании мора да соработуваат за да изградат регионален пристап кој ги зајакнува дигиталните права и ги почитува демократските вредности.

Ова беше истакнато на денешната работилница „Што претставува и зошто е важен Законот за дигитални услуги на ЕУ“ што ја организираше Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис во рамки на проектот „Интеграција на Западен Балкан во единствениот дигитален пазар на ЕУ“, а беше наменета за граѓански организации и медиуми.

Говорничките Данче Даниловска-Бајдевска, директор на програми во Фондација Метаморфозис и Деспина Ковачевска, медиа мониторинг специјалист, дадоа преглед на европскиот Закон за дигитални услови, зборуваа за неговата улога во заштитата на фундаменталните права и борбата против говорот на омраза и дезинформациите, но и за влијанието на законот на граѓанските организации и медиумите.

„Станува збор за сет на правила кои ги штитат корисниците, го поттикнуваат демократскиот напредок и ја зајакнуваат довербата во дигиталните услуги. Со овој закон, Европската Унија поставува глобален стандард за праведен и сигурен интернет за сите. Според некои политичари во Брисел, DSA ќе внесе ред во дигиталниот ‘Див Запад’. Затоа е важно да се разбере што содржи овој закон на ЕУ“, истакнаа говорничките на работилницата.

фото: Мета.мк

На настанот беа презентирани и наодите од анализата за влијанието на Законот за дигитални услуги на ЕУ на правната рамка во Северна Македонија.

Според анализата, најзначајниот национален документ што го појаснува усогласувањето на националното законодавство со регулативите и политиките на ЕУ е Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА).

фото: Мета.мк

За усогласување со DSA, сепак, ќе биде потребна координирана работа на неколку министерства и усогласување на повеќе македонски закони, како законите за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, за медиуми, за електронски комуникации, за заштита на личните податоци, за електронска трговија, за спречување и заштита од дискриминација и многу други.

фото: Мета.мк

Проектот „Интеграција на Западен Балкан во единствениот дигитален пазар на ЕУ“ има за цел да ги унапреди стандардите за дигитални права во регионот на Западен Балкан и да придонесе за негова успешна интеграција во единствениот дигитален пазар. Оваа иницијатива претставува заеднички напор за справување со нееднаквите стандарди за дигитални права во земјите од Западен Балкан преку пристап на вклучување на повеќе засегнати страни за да се постигнат значајни промени. Проектот е финансиран од Фондациите Отворено општество – Западен Балкан, а го спроведуваат Партнери Србија (Србија), Фондација Метаморфозис (Северна Македонија), Зошто не? (Босна и Херцеговина), НВО 35 mm (Црна Гора), Women in TechKosovo (Косово) и Институт за демократија и медијација (Албанија).

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување на правата...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

ССМ: Само Владата може да влијае на трговците да ги намалат цените

Нови повици за бојкот на маркетите се споделуваат деновиве на социјалните мрежи, откако минатата недела за прв пат се случи бојкот поради високите цени. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од...

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување...