Граѓаните со креативни реакции на странската фотографија на сајтот „Дома си е дома“

Откако се пушти во употреба веб страната „Дома си е дома“ за поддршка на граѓаните и домашниот туризам, граѓаните забележаа дека фотографијата која е искористена како главна позадина на страницата, е фотографија од езеро во Германија.

Граѓаните ја воочија иронијата во промовирањето домашен туризам со фотографии од странство, по што хаштагот #ДомаСиЕДома се наполни со креативни постови од фотографии од светот за кои луѓето шеговито велат дека е сликано во нашата држава.

 

На својот инстаграм профил, за случката прокоментира и фотографот кој ја направил фотографијата. Тој потврдува дека фотографијата е направена на езеро во Германија, и како што вели ја споделува фотографијата бесплатно на интернет и од време на време таа се јавува на чудни места, како на пример сега, на веб страна во нашата држава.