fbpx

Граѓаните на Грузија не веруваат дека владата ќе се откаже од законот за странски агенти

Гневот на демонстрантите го иницираше делот од нацрт-законот, според кој граѓанското општество, блогерите и независните медиуми ќе се сметаат за странски агенти доколку повеќе од 20 отсто од нивното финансирање доаѓа од странски донатори, пишува „Вистиномер“ во својата анализа

-

По два дена протести на илјадници демонстранти на улиците на главниот град на Грузија, Тбилиси, владејачката партија Грузиски сон со најави дека ќе го повлече контроверзниот проруски предлог-закон за таканаречени „странски агенти“, против кој луѓето протестираа. Гневот на демонстрантите го иницираше делот од нацрт-законот, според кој граѓанското општество, блогерите и независните медиуми ќе се сметаат за странски агенти доколку повеќе од 20 отсто од нивното финансирање доаѓа од странски донатори, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Новинарката Маријам Никурадзе од Тбилиси, која е ко-основач и извршен директор на независниот медиум Open Caucasus media (OC) за цело време на протестите до рано наутро ги документираше отпрвин мирните протести, а потоа и судирот на демонстрантите со полицијата.

Во краткото интервју за Вистиномер, Никурадзе вели дека луѓето кои протестираа, сепак, не се убедени дека владејачката партија навистина ќе се повлече од донесувањето на законот.

Сега чувствата меѓу луѓето се попозитивни, но многумина не веруваат дека владејачката партија ќе го одржи зборот. Поради тоа, продолжуваат со барањето да се повлече законот, односно да се гласа за него и да не успее во парламентот, изјави Никурадзе.

Давајќи слика на протестите, таа вели дека бесот на луѓето во Тбилиси ескалираше кога владејачката партија излажа за датумот на првото читање за предлог – законот. Тоа ги налути луѓето, по што излегоа на улица и избија судири со полицијата, која употреби сила против демонстрантите.

Нукурадзе до 6 часот во четвртокот наутро го документираше протестот, кога, како што вели, на улиците останаа стотици граѓани, кои дадоа отпор на полицијата. На крај, партијата Грузиски сон соопшти дека го повлекува законот.

Според новинарката, чиј медиум исто така се финансира од странски донатори, проблемот е што повеќето од овие организации се веќе транспарентни и законот е непотребен.

Закoнот ќе ги демонизира овие организации и медиуми и во иднина може да резултира со нивно затворање, како што се случи во Русија. Затоа што овој закон е сличен на законот што е усвоен во Русија, објаснува Никурадзе.

Ека Гигаури од Транспаренси Интернешнл во Грузија во изјава за Би-Би-Си објаснува дека граѓанските организации во Грузија подлежат на 10 различни закони, а Министерството за финансии веќе има целосен пристап до сметки, финансирање и други информации.

Главната владејачка партија соопшти дека „безусловно“ го повлекува законот, бидејќи како одговорна партија сака да ја намали „конфронтацијата во општеството“. На оваа одлука донесена под силниот притисок на протестите на улица, влијаеше и изјавата на официјални претставници на ЕУ, кои го осудија нацрт-законот како некомпатибилен со вредностите на ЕУ.
Грузија поднесе барање за кандидатски статус на Европската унија, и е кандидат за влез во НАТО.

Во соопштението, делегацијата на ЕУ во Грузија рече дека потегот за отфрлање на законот е „најава за добредојде“ и ги охрабрува политичките лидери да продолжат со „про-ЕУ реформите“.

Партијата Грузиски сон смета дека предлогот е неправедно етикетиран и ќе ја објасни важноста на законот и транспарентноста во странското финансирање на јавноста. Грузиската претседателка Саломе Зурабичвили ги поддржа демонстрантите и најави стави вето на предлогот, иако на владата сепак има политичка моќ да го отфрли потег на претседателот на државата.

 

Пишува: Весна Коловска

Фото и видео: Маријам Никурадзе

 

***

Овој напис е изработен во рамките на проектот Промовирање на пристап до веродостојни вести за борба против дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...