fbpx

Граѓаните кои прележаа ковид-19 во изминативе 9 месеци можат да си извадат сертификат

-

Министерството за здравство информира дека во Националниот систем Мој Термин е воведена можноста за издавање на сертификат за прележан ковид-19.

„Сертификатот се издава за сите лица кои во последните девет месеци биле позитивни на Sars-Cov-2 и се регистрирани како позитивни случаи во Националниот систем. Сертификатот може да се преземе кај матичниот лекар или со најава на страницата vakcinacija.mk. Сертификатот е на македонски и англиски јазик, содржи податоци за лицето (име и презиме, ЕМБГ, ЕЗБО, датум на раѓање, пол) тип на тест, дата на тестирање, дата на позитивен резултат, Здравствена установа (лабораторија) каде е направено тестирањето, како и QR-код,“ се вели во соопштението.

Сертификатот е заверен со дигитален печат на Министерството за здравство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...