fbpx

Граѓаните кои попишувачот не ги нашол дома ќе можат да се попишат и во општините

-

Државниот завод за статистика ќе им овозможи на сите граѓани, кои по кој и да е основ да не успеале да остварат контакт со попишувачот досега, да можат да се попишат на одредени локации во својата општина. За ова денеска информираа владиниот портпарол Муамет Хоџа и Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика.

Тие апелираа граѓаните да бидат трпеливи, посочувајќи дека никој нема да биде пропуштен или изоставен од овој процес. Сепак, за оние случаи кога попишувачот пробал да оствари контакт, но не успеал да ги пронајде граѓаните во своите домови, тие ќе може да се попишат и со новата можност.

Претставничката на ДЗС Ѓоргиева посочи дека попладнево на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk ќе бидат објавени локациите во сите општини каде што граѓаните ќе можат да појдат и да се попишат. Ѓоргиева нагласи дека ова се однесува на граѓаните кај кои попишувачот поминал, но сепак успеал да оствари контакт.

Таа повика граѓаните да бидат трпеливи, бидејќи пописот трае до 30 септември, попишувачите работат интензивно на терен и некои граѓани ќе бидат посетени и на последниот ден. Таа изрази уверување дека никој нема да биде пропуштен или изоставен од овој огромен статистички процес, бидејќи целта на Пописот е целосен опфат на сите граѓани кои во моментов живеат во Република Северна Македонија.

Ѓоргиева од името на Државниот завод за статистика се заблагодари на граѓаните за огромната соработка и поддршка на овој процес, при што изрази задоволство од фактот што граѓаните го сфатија значењето на Пописот како статистичка операција која е од интерес за развојот на државата и за сите нас.

Портпаролот на Владата Хоџа информираше дека заклучно до денеска во 12:00 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435.000 домаќинства и над 600.000 станови, како и дека се самопопишани 195.477 граѓани од дијаспората.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...